Skip to main content

УХМР

Денес времето променливо облачно и дождливо

Минималните температури од 12, а максималните до 22 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во денес. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. Од утре ќе дува засилен северен ветер кој наместа ќе достигне до 60 km/h. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Минималните температури од 12, а максималните до 22 степени Целзиусови.