Skip to main content

Идеално време за стомачни вируси

Август е месец кога бројката на заболени од стомачни вируси е најголема. Медицинските лица со свои препораки како да се спречи и како да се лечи заболувањето.

 |  Јаковлева Лионела  | 
epruvetti
епрувети

 

Летото е на заминување, но стомачните вируси карактеристични за ова годишно време токму сега го достигнуваат пикот . Статистиката покажува дека тие се најзастапени токму  во месец Август. Најчестите симптоми на ова заболување се грчеви во стомакот, 5 до 6 водени столици во текот на денот, гадење, нагон за повраќање, а многу често овие вируси знаат да бидат пропратени и со висока температура. Од Центарот за јавно здравје велат дека од почетокот на јуни па до денес има 40 пријави за заболени од стомачен вирус. Но ова не е реалната бројка, велат од таму. Објаснуваат дека мал број од заболените се јавуваат кај својот матичен лекар, а и матичните мал процент од ваквите пациенти ги пријавуваат во Центарот за јавно здравје.skafce

За појавата на овие стомачни вируси влијаат повеќе фактори како високите температури, ниското ниво на одржување на личната хигиена, неправилното приготвување и чување на храната како и нејзино транспортирање. Д-р Јованка Стурлакова- Коровешоска вели за да не дојде до појава на ова заболување и тоа во поголеми размери многу важнa  е правилната диспозиција на фекалните материи, отстранувањето на мувите како и на глодарите. Таа објаснува дека исто така треба многу добро  да се мие и лупи овошјето и зеленчукот бидејќи содржат голема количина на пестициди па може и овие хемиски средства да бидат причина за стомачни заболувања или за труење со храна. Од почетокот на јуни па до денес во Центарот се пријавени и 25 случаи на труење со храна. Коровешоска апелира доколку граѓаните забележат некој од симптомите кои наведуваат дека се работи за стомачен вирус или за труење со храна задолжително да се јават на лекар, а не да се лекуват сами.

Ова заболување доколку правилно се третира не е опасно, но ако навремено не се превземат соодветни мерки може да дојде до компликации, предупредува Д-р Коровешоска.

{loadposition content9}