Временските промени влијаат на здравјето на граѓаните
Невропсихијатрискиот оддел во Охрид нема капацитет за да ги згрижи сите пациенти на кои тоа им е потребно. Бројот на пациентите кои доживеале мозочен удар во последно време е зголемен. Вработените се надеваат дека набргу ќе се прошири ова одделение.
Бројот на пациентите кои доживеале мозочен удар, а се третираат на невропсихијатрискиот оддел во Охрид, во последно време е зголемен. Д-р Јулија Василевска вели дека за жал старосната граница се повеќе опаѓа, а најголема причина за тоа е современиот начин на живот. Одредено влијание имаат и климатските промени кои се повеќе ги чувствуваме. Температурните разлики влијаат и на здравјето на граѓаните.
Д-р Василевска вели дека многу важно за да се заштитиме од ваквиот вид на васкуларни заболувања е превенцијата. Тоа подразбира рано откривање и третирање на покачениот крвен притисок, дијабетот, латентниот дијабет, како и детектирање и отстранување на психосоцијалните фактори и лоши навики како пушењето, гојазноста и др. Невропсихијатрискиот оддел во Охрид кадровски е добро екипиран, но недостасува простор бидејќи тука се згрижуваат пациенти од регионов затоа што во струшката болница нема ваков оддел.
Д-р Василевска се надева дека невропсихијатрискиот оддел во Охрид во блиска иднина ќе претрпи промени и ќе биде проширен како би можеле да ги згрижат и третираат сите пациенти на кои тоа им е потребно.
{loadposition content9}