Skip to main content

Времен прекин на сообраќајот, ќе се уредува крошната на чинарот Кошишта

Општина Охрид во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на ден 03.05.2017 година ќе реализира акција за уредување  на крошната на чинарот кој се наоѓа на ул.„Гоце Делчев“ на пресекот со ул „Абас Емин“, населба Кошишта (пред DON маркет).

 |   | 

За таа цел на ден 03.05.2017 година од 8:30 до 11:30 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Абас Емин“ спрема ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кирил Методиј“ во двата правци. Се молат граѓаните во тој период да ги отстранат паркираните возила на горе споменатата локација како не би дошло до несакани последици по матерјалните добра и безбедноста на луѓето.