Skip to main content

охрид трчат

Времен режим на сообраќај за осмото издание на „Охрид трчаТ“

Времен режим на сообраќај ќе биде воведен на 2 јуни за време на одржувањето на главниот настан од осмото издание на „Охрид трчаТ“.
 |  инфодеск  | 

За време на манифестацијата „Охрид трчаТ“ , на 2 јуни, ќе бидaт затворени за сообраќај улиците: „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Македонски Просветители“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, патека Студенчишта и „Св. Наум Охридски“.