Забрана за моторен сообраќај
Времен режим на сообраќај на ул. Кеј Македонија
Од утре се воведува нов времен режим на сообраќај на улицата „Кеј Македонија“, информираат од Локалната самоуправа.
Општина Охрид ги известува граѓаните и сите останати учесници во сообраќајот дека од 02.06.2022 година, се забранува секаков вид на моторен сообраќај на улица „Кеј Македонија“ на потегот од пресек со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресек на улица „Кеј Македонија“ со улица „Ванчо Николески“.
Погоре наведениот дел од улицата од 02.06. (четврток) 2022 година ќе се користи за движење на пешаци и велосипедисти.


