Од утре повторно ограничен режим за движење на моторни возила во стариот дел на Охрид

Од утре, 28 мај 2026 година, повторно стапува во сила ограничениот режим за движење на моторни возила во стариот дел на Охрид.
Како што информираат од ЈП Билјанини Извори, режимот и начинот на регулирање на сообраќајот се утврдени со Правилникот за издавање картички за движење во стариот дел од градот, донесен од Управниот одбор на претпријатието на 11 мај 2023 година.
Од претпријатието ги повикуваат граѓаните кои имаат потреба од дополнителни информации или се соочуваат со проблеми поврзани со режимот на движење, да се обратат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“, во просториите на Спортската сала „Билјанини Извори“.
Воедно, апелираат до граѓаните да го почитуваат и да се придржуваат кон времениот ограничен режим на движење во стариот дел од градот.







