Skip to main content

Времена забрана за сообраќај во стариот дел од Охрид

Сообраќајот на овој дел ќе биде забранет од 9 до 16 јуни.
 |  инфодеск  | 

Поради дефект на канализационата мрежа на дел од УЗ Стар град, од утре ќе има привремен режим на сообраќајот.

Градежните зафати ќе бидат на дел од улицата „Климентов Универзитет“ до пресекот со улиците „Аргир Маринчев“ и „Петар Чаулев“, информираат од општина Охрид.

Сообраќајот на овој дел ќе биде забранет од 9 до 16 јуни.