Променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Во Охрид температурата ќе се движи во интервал од 15 до 28 степени Целзиусови, а UV индексот ќе има вредност 6.
-До среда времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Денес и утре на повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура, стои во соопштението од УХМР.