Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. На некои места попладне и во вечерните часови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура денеска ќе биде од 3 до 7, а во текот на денот ќе се искачи до максимални 18 Целзиусови степени.
Утре, како што најавуваат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови ќе има локален дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре наутро ќе биде од 1 до 8 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 19 Целзиусови степени.