Временска прогноза
Времето денеска умерено облачно и потопло
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Дневната температура ќе се движи од 10 до 20 степени.
Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно, во североисточните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.
Дневна температура : Маврово 8 степени, Охрид и Битола 14, Крива Паланка и Берово 11, Кавадарци 16, Дојран 18.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 10 до 20 степени, информираат од УХМР.


