Skip to main content

Врвни експерти од интерна медицина достапни на охриѓани

Деновиве во Општа болница Охрид, престојува  Проф. Д-р Татјана Чапароска, субспецијалист пулмоалероголог од клиниката за пулмоалергологија Скопје, која не само што е достапна за пациентите туку и дел од охридските лекарите ќе имаат можност да црпат одредени искуства.

 |  Николоска Биљана  | 
doktorka
докторка

doktorkaОхридските интернисти одлично си ја познаваат својата работа. Тие денес беа пофалени од Проф. Д-р Татјана Чапароска субспецијалист пулмолог, која деновиве пресојува во нашиот град, поточно во охридската општа болница.  Д-р Чапароска во нашиот град е испратена од страна на Министерството за здравство со цел, таа, на помладите доктори да им пренесе дел од своите искуства. Чапароска задоволна од приемот на целокупниот персонал, како и од организационата поставеност на интерно одделение во општата болница.

„Помалку имаме пациенти кои се испраќаат од центрите како што е Охрид, заради тоа што сметам дека нивната служба е многу развиена, имаат многу стручни и солидни доктори кои се справуваат со сите предизвици и на респираторни и на заболувања од општа интерна, меѓутоа сепак се праќаат пациенти каде што неможи да се направи кмплетна дијагностика“-вели Чапароска.

doktorkaДоктор Чапароска, потенцира дека во последно време белодробните заболувања заземаат епидемиолошки размери, што како податок сериозно загрижува.

„Респираторните заболувања се на врвот на листата на заболувања на организмот. За тоа имаат влијание многу фактори“-вели таа.

Пушачите, работниците во текстилната индустрија, рударите, градежниците се најризична група кои најчесто се изложени на ризик од белодробните заболувања. Во таа насока д-р Чапароска препорача превенција.

Доктор Чапароска во нашиот град ќе престојува до 14 ти овој месец. Сите охриѓани кои имаат некој здравствен проблем поврзан со белодробните заболувања, секој ден од 09 до 13 часот додека е тука докторката можат да остварат средба и контакт  на тел  267 – 267, локал 167.

{loadposition content9}