Skip to main content

Врвни награди освоија шест ученици од музичкото училиште Методи Патче на два меѓународни натпревари

Младите музичари освоија специјални награди со инструментите пијано, флејта и виолина и се пласираа на  самиот врв  во силна конкуренција. Продолжуваат да го рангираат музичкото училиште меѓу најдобрите музички основни училишта во земјава.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Шест ученици од музичкото училиште „Методи Патче“ освоија врвни награди на два Меѓународни натпревари. Специјални награди добија Ана Кузманоска на пијано и Ана Матеска на флејта. Младата пијанистка Кузманоска од класата на професор Ана Крстаноска учествуваше на Mеѓународниот натпревар за млади таленти во Скопје, а флејтиската Матеска во класата на професор Нина Момироска, настапи на Mеѓународниот натпревар „Охрид те сакам“. На интернационалниот натпревар „Охрид те сакам“ први награди по флејта добија и Ива Чанова и Леона Неделкоска од класата на професор  Нина Момироска. Виктор Србиноски ја зеде првата награда на виолина во класата на професор Елица Рашкова, а Павел Стоев се рангира на второ место на виолина, во класата на професор Кирил Белистојаноски. Ова е голем успех за нашето музичко училиште, вели директорката Емилија Мариноска.

„Ние во изминативе години секогаш со нашите ученици котираме високо и освојуваме први и специјални награди. Ова е уште еден голем успех посебно во ваква ситуација каде што со учениците подолго време немавме физички контакт заради пандемијата. Тие ни се вртатија од октомври. Но, покажаа и учениците и наставниците голема желба, мотивираност и труд и постигнаа резултати, ова е награда за сите нив“.


За Mеѓународниот музички натпревар „Охрид те сакам“, кој се одржа он лине по 8ми пат, Маринова напоменува дека конкуренција била мошне силна со 70 учесници со повеќе музички инструменти.

Имавме 17 члено жири од неколку земји, поделено во зависност од инструментите пијано, хармоника, гитара, дувачки и гудачки инструменти. Составено од врвни музичари и педагози на кои во финалето им беше тешко да го одберат лауреатот од извонредните таленти“.

На финалниот концерт на Mеѓународниот натпревар „Охрид те сакам“ учествуваа 9 финалисти меѓу кои и флејтистката Ана Матеска. Младите музичари е бореа за главната награда солистички концерт на интернационалниот фестивал „Кончерти дел Темпјето“ во Рим во категорија на сите музички инструменти.