Skip to main content

Црвен Крст Охрид

Втор циклус од програмата Полетарче

Во просториите на Црвен крст Охрид започнува вториот циклус од програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“, Програма за подготовка на деца за во училиште.
 |  Голабовски Крсте  | 
Полетарче

Денес, во просториите на Црвен крст Охрид започнува вториот циклус од програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“, Програма за подготовка на деца за во училиште.

Преку програмата децата од 5 и 6 годишна возраст преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училиштните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.

Полетарче

Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др.

Вториот циклус од програмата ќе трае до 16 август. За повеќе информации и пријавување во просториите на Црвен крст Охрид или на тел. 078 227-433, 070 315-309 или на е-маил ohrid@redcross.org.mk