Skip to main content

ВДИШИ ТЕАТАР

Втор ден Вдиши Театар

Опкружени со војна, омраза, страдања се причина за младите да тргнат во потрага по изгубените вредности и да откријат дека во секој човек тлее искра на хуманост и човечност, на која и треба многу малку за да се разгори, беше темата на синоќешната претстава.
 |  инфодеск  | 

Вчера вечер, театарската група на Црвен крст Бар, Црна Гора, во Центарот за култура Григор Прличев, на вториот ден од Театарскиот фестивал ВДИШИ ТЕАТАР ја изведе својата претстава.

Опкружени со војна, омраза, страдања се причина за младите да тргнат во потрага по изгубените вредности и да откријат дека во секој човек тлее искра на хуманост и човечност, на која и треба многу малку за да се разгори, беше темата на синоќешната претстава.

На третиот ден од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ љубителите на театарот ќе имаат можност да го проследат настапот на театарската група од Црвен крст Суботица, кои вечерва од 20 ч., во Центарот за култура Григор Прличев ќе ја изведат театарската претстава „ЛАНЧАНА РЕАКЦИЈА“.

Влезот за сите посетители е слободен.