Втор хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“
Во насока на спортско-фудбалско дружење на Јавните претпријатија и приватните компании, а по повод ослободувањето на Охрид, ЈП „Билјанини извори“, втора година втор по ред организира хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“.
–Турнирот започнува во четврток, на 24-ти октомври 2024 година, во 19:00 часот и ќе трае до среда, 6-ти ноември 2024 година, за кога е закажан финалниот натпревар. Сите 28 натпревари ќе се играат во Спортската сала „Билјанини извори“. Учество ќе земат 16 екипи: минатогодишниот победник АСП ПАК, Костал Македонија, ЛТХ Леарница Охрид, Магна, ОДВ Електрик, Рек Битола, Инекс Олгица Хотел и СПА, Кафе Бар 9 Струга, Провелд Метал Дизајн Волино, Гостилница кај Мече, Бел Мерцедес, Општина Охрид, ЈП Водовод Охрид, ЈП Колекторски систем Охрид, ЈП Нискоградба Охрид и ЈП Охридски Комуналец Охрид, информираат организаторите.
Од аконтација за учество на „Ohrid Freed“ се собраа 144.000 денари и сите ќе се распределат онаму каде што во моментов има најголема потреба – кај нашата сограѓанка Бојана Бонеска, на која и е дијагностицирана болест за чие лекување и се потребни поголем износ, на Здружението „Ретко е да си редок“и на Здружението на Деца со дијабет.
Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“ ги повикуваат сите охриѓани, љубители на спортот и фудбалот, масовно да дојдат во Спортската сала „Билјанини извори“, да навиваат и со своето присуство да го поддржат „Ohrid Freed“.