Skip to main content

Објавен вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за инфраструктурни проекти

Објавен вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти од потпрограмата АА за 2025 година со вкупен износ за средства до 15 милијарди денари. Повикот е објавен на веб страната на Владата и на Министерството за локална самоуправа.
 |  инфодеск  | 
Фонтана Чинар

Министерството за локална самоуправа го објави јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА. Ова е втор повик за финансиска поддршка на општините за реализација на капитални инфраструктурни проекти со кој на располагање се 15 милијарди денари.

„Предмет на овој јавен повик е поднесување на предлог – проекти, врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за спорт и Министерството за култура и туризам, објавени на нивните веб-страни. Целта на овој отворен јавен повик е да се доделат средства на општините за проекти со чија реализација ќе се придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развојот и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните.“ – се вели во повикот.

Распределбата на средствата ќе се врши врз основа на два критериуми: резидентното население во општината согласно последниот попис и комплетата проектна документација со која би се гарантирала непречена реализација на проектите.

Општините апликативните формулари и комплетната проектна документација за јавниот повик може да ги поднесат најдоцна до 30 април 2025 година.

Општина Охрид на првиот објавен повик аплицираше со 10 проекти и сите беа одобрени. Додека пак, за вториот повик од локалната најавуваа дека ќе се аплицира за средства за реализација на проектите: катна гаража, реконструкција на плоштадот Крушевска република и Свинишки извори.