Skip to main content

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Втор круг гласање за избор на градоначалници во Струга и Дебрца

Гласачките места утрово се отворија во 07:00, а гласањето ќе трае до 19:00 часот.
 |  инфодеск  |  ,

Денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Нема да се гласа за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, и таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на Локалните избори.

Денеска се гласа и за градоначалници и на Струга и Дебрца. Во Општина Дебрца противкандидати се Златко Силјановски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Ногачески од Група избирачи, а право на глас имаат 3 937 избирачи, додека во Општина Струга градоначалничката трка се води помеѓу Арсим Даљипи од НАИ и Менди Ќура од Група избирачи, а ќе гласаат 62 711 гласачи.

Во вториот круг, победува кандидатот со поголем број гласови. Доколку и во вториот круг не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија ја известува Владата во рок од 15 дена.

Според податоците од Државната Изборна Комисија, излезноста во Струга до 11 часот е 9,16% , а во Дебрца гласале 13,99%.