Skip to main content

Втор круг претседателски и прв парламентарни избори-денес гласаат болните и изнемоштени лица

Општинската изборна комисија подготвена за вториот круг од претседателските и првиот круг од предвремените парламентарни избори.

 |  Мишел Наумоски  | 
izbori
избори

Се е подготвено за вториот круг од претседателските и првиот круг од предвремените парламентарни избори. Претседателката на општинската изборна комисија од Охрид, Марика Костадиновска информира дека денес, ден пред останатите, своето гласачко право може да го остварат 212 пријавени болни и изнемоштени лица на 66 избирачки места, како и лица кои излежуваат затворска казна.

glasacki kutii„Во општина Охрид се гласа за 89 избирачки места на 88, со тоа што избирачкото место 1335 е заедно со 1306. избирачкиот одбор од 1306 ги покрива двете избирачки места. Во избирачкиот список за претседателските избори запишани се 51.211 избирачи, а за парламентарните 50.895. Во општина Охрид, односно на 5та изборна единица има 12 листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.“-вели претседателката на општинската изборна комисија, Марика Костадиновска.

Инаку, на утрешниот втор круг од претседателски избори право на глас имаат 1.779.572 избирачи, а за претседател ќе биде избран кандидатот кој на вториот круг од изборите ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.

Пратениците пак, се избираат според пропорционалниот модел во Македонија, а според мнозинскиот во дијаспората. Територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца пратеници се избираат во дијаспората – по еден пратеник од трите изборни единици: Европа и Африка,  Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија.

{loadposition content9}