Skip to main content

Втор уписен рок на УИНТ Св. Апостол Павле

Вториот уписен рок за новата академска 2025/2026 година, ќе се одржи во понеделник и вторник (15 и 16 септември). Сите заинтересирани можат да се информираат на официјалната веб страна на универзитетот www.uist.edu.mk и да го погледнат конкурсот за вториот уписен рок .
 |  инфодеск  | 
УИНТ Св. Апостол Павле

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ го објави конкурсот за вториот уписен рок за новата академска 2025/2026 година, кој ќе се одржи во понеделник и вторник (15 и 16 септември). Кандидатите ќе имаат можност да се пријават на една од современите студиски програми во областа на информатичките науки и технологии, меѓу кои: компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, машинска интелигенција и роботика, дигитална мултимедија и анимација, како и дигитална бизнис аналитика.

УИНТ „Св. Апостол Павле“ е единствениот универзитет во регионот специјализиран за информатички науки и технологии, со амбиција да ги подготви идните лидери на дигиталната ера. Со својата интернационална ориентација, современи програми и визија за развој, универзитетот се позиционира како oхридски, но и светски универзитет, место каде што младите таленти од државата и странство создаваат дигитални решенија што го обликуваат утрешниот свет.

Најдобрите бруцоши имаат можност да добијат стипендии во рамките на Универзитетот, како и стипендии поддржани од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје. (https://uist.edu.mk/internal-call-scholarship-opportunity-for-the-first-year-students-at-uist-st-paul-the-apostle/)

Сите заинтересирани можат да се информираат на официјалната веб страна на универзитетот www.uist.edu.mk и да го погледнат конкурсот за вториот уписен рок на https://uist.edu.mk/second-call-for-enrollment-in-first-cycle-studies-for-academic-2025-2026/