Општина Дебрца во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започна со реализација на Проектни форуми во заедницата.
Втората форумска сесија ќе се одржи на 15.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Ви благодариме за присуството и активното учество во првата форумска сесија. Вашето присуство на втората форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на втората сесија ќе се дискутираат концептите на проектите во кои се содржани решенијата на идентификуваните проблеми од првата форумска сесија – напиша градоначалникот Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.