Втора лидерска академија за жени на клубот Сороптимист од Струга
25 млади дами од повеќе земји ќе стекнуваат лидерски вештини на втората по ред Сороптимист лидерска академија за жени.
Втора лидерска академија за жени на клубот Сороптимист од Струга. Десет дена, 25 млади дами од различни земји ќе стекнуваат лидерски вештини кои ќе можат да ги применат во својот понатамошен професионален развој. Од лидерската академија велат дека пристапот на кој ќе се стекнуваат вештините е холистички односно активностите кои ќе ги имаат поттикнуваат развој на телото, срцето, умот и душата.
„Сите активности кои тука ќе ги стекнат во текот на овие десет дена се практикување на животни вештини понатаму е прашањето е каде тие ќе ги применат и дефинитивно тие ќе им помогнат понатаму во подобра себереализација, поквалитетен живот и справување со сите понатамошни предизвици кои им доаѓаат во животот.“-вели Ангелина Танева-Вешовска, програм координатор на Сороптимист лидерска академија.
Проектот за лидерска академија е заеднички проект со Сороптимист Унија на Република Турција чии членови се едни од главните промотери на академијата.
„Како турска унија многу сме среќни што по втор пат учествуваме на академијата во Охрид и Македонија.Мислам дека овие вештини кои девојќите ќе ги стекнат овие неколку дена ќе бидат многу важни во понатамошниот нивен живот. Тоа се лидерски вештини кои многу ќе им помогнат во животот.“-рече претседателката на Унија на Сороптимист Турција, Илке Ерол.
Академијата ќе трае до 30ти јули, а на неа учество земаат повеќе од 20 учеснички од Македонија, Полска, Данска, Литванија, Косово, Турција, Унгарија како и 12 предавачи од државата и странство.