Skip to main content

Втора светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

„Религијата и културата-нераскинлива врска меѓу народите, е мотото на втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Овој значаен настан ќе се одржува од  6 до 9 мај во Охрид. Од СВР Охрид комплетно подготвени за обезбедување на делегациите и останатите гости на оваа конференција.

 |  Билјана Николовска  | 
znaminja
знамиња
soobrajkajОд 6 до 9 мај во Охрид по втор пат ќе се сретнат еминентни верски претставници од целиот свет. Под мотото „Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“, ќе се одржи Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Оваа конференција всушност претставува продолжение на Првата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Тогаш се усвои заедничка Декларација и се формира Меѓународен комитет за организирање на втората светска конференција во текот на 2010.Конференцијата се одржува во организација на Министерството за култура на Република Македонија во соработка со Комисијата за односи во верските заедници и религиски групи, а со поддршка на Владата на Република Македонија и УНЕСКО од каде е доделена помош во висина од 50 илјади долари. За време на одржувањето на светската конференција СВР Охрид спроведува посебен режим за обезбедување на учесниците додека престојуваат во Охрид. Портпалорот на СВР Стефан Димовски вели дека специјалните тимови со веќе стекнато искуство од минатите години достојно ќе одговорат на дадената задача. СВР за време на втората верска конференција спроведува активности и во сообраќајот. Деновиве има посебен режим на движење на возилата низ охридските улици посебно во централното градско подрачје, вели Димовски. Тој додава дека со тоа гарантирана е безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Инаку, до сега своето присуство го потврдија претставници од 31 земја од светот. Делегација на светата столица од Ватикан, адвентисти, протестанти, и поглавари од Албанија, Ерменија, Либан, претставници на Советот на Европа се меѓу првите сигурни учесници. Со реализацијата на Втората светска конференција ќе се одбележат три јубилеи на значајни личности и настани, 100 години од раѓањето на светската хуманистка Мајка Тереза, 1100 години од упокојувањето на Св. Наум и 1400 години од почетокот на објавувањето на Куранот.

{loadposition content9}