Втори април е Светски ден на литература за деца
На денешен ден е роден светски познатиот дански книжевник и писател на бајки Ханс Кристијан Андерсен. Тој е автор на бајките: „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малата сирена“, „Снежната кралица“, „Принцезата на зрно грашок“, „Девојчето со кибритчињата“ и „Палешка“. Сите тие во себе носат универзални пораки, што се раскажуваат и се паметат со генерации. Неговите приказни се читливи, разбирливи и со децении наназад лесно ги пленат децата, но и возрасните.

Ние од НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид размислуваме како и кој да го честита празникот и смисливме. Ја поканивме тоа да го стори професор д-р Весна Мојсова – Чепишевска. Таа ги предава предметите Книжевност за деца 1 и 2, како и предмети од областа на македонската култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Да погледаме и слушнеме нејзината порака:
Но не останавме само на ова, изминативе две среди во рамките на рубриката Нови книги претставиме дваесеттина нови наслови за деца од домашни и странски автори кои младите читатели веќе можат да ги зајмат од библиотеката.
Празникот на литературата за деца на наша покана го честита и Марина Димовска, дипломиран филолог по македонска книжевност и јужнословенски книжевности со општа и компаративна книжевност од Охрид . Таа е сопственичка на јутјуб каналот РАСКАЖУВАЧКА.
Даниела Милошеска е дипломиран воспитувач, работи во ЈОУДГ 8 Март Струга. Прво самостојно авторско дело е книгата ,,Воспитувач.. која е наменета за етичкото и морално воспитување на децата од претшколска возраст ,а второто издание е книга со детски илустрирани и едукативни приказни ,,Мравко“.
Нејзиното 11 годишно искуство со децата и дружбата со нив таа го сподели со нас и вели:
Кристина И. Стојаноска – Алоска е дипломиран стоматолог од Охрид. Во соработка со Црвен крст – Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „Грижа за забите“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 г. ја издава брошурата „Насмевка без кариес“. Две години подоцна издавачката куќа Едука Мак ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема: орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „Насмевка за петка“.