Второ издание на Codefest, Celebrating Code
И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014.
И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014.
Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година.
За таа цел, Организациското Тело на настанот, предводено од тимот H-Sense, кој е креатор и иницијатор на овој настан, а во кое се вклучени и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Студентскиот Парламент на УИНТ, студентскиот технички клуб SITE, и Платинскиот спонзор на настанот, активно се ангажираат во организирањето на овој голем настан, со помош од бројни волонтери и поддршка од спонзори.
Оваа година, велат организаторите, дека акцентот се става на креативноста, иновативноста, и бизнис вредноста на идејата која секој од тимовите ќе ја претстави, како предност при вреднувањето во споредба со техничката обемност и имплементација на напишан код. Целта е да се приближи бизнис климата до студентите и на малку пореалистичен начин тие да се запознаат со она што се бара на пазарот, и што би ги очекувало на идното работно место. Лимитација во користење на технологии и платформи нема, но учесниците не треба да дојдат на настанот со никакви претходни подготовки, освен со својата идеја и позитивно расположение.
Codefest ќе започне на 5 април, во сабота, од 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април, до 17:00 часот, кога ќе се случи и завршната церемонија. За овој Codefest, се најавува многу забава и уникатност, а храната и пијалоците ќе бидат покриени од страна на организаторите. Се најавуваат и вредни и интересни награди, а за победниците ќе одлучува жири составено од технолошки и бизнис гуруа од различни области. Бројот на билетите е ограничен, па организаторите ги покануваат сите заинтересирани да си земат билет навреме, и да си обезбедат место на програмерска дружба во прекрасниот Охрид.
{loadposition content9}