Skip to main content

Вечерва ќе се одржи второто издание нa Охридски вински салон „Над Езерото“

Покрај македонските винарии и дестилерии на настанот ќе земат учество македонските локални производители на храна и претставници на Slow Food, како и некои млекари, а свој настап од 21:00 до 23:00 часот ќе има Агни Авшар квинтетот.
 |  инфодеск  | 

Вечерва ќе се одржи второто издание на Охридски вински салон, „Над Езерото“.

„Канео“ ресторан, како промотор на винската култура, повторно ги сплотува сите најзначајни македонски винарии и дестилерии и го доближува македонскиот вински идентитет на домашната и странската публика.

Настанот е наменет за сите љубители на вино, и претставници на ХОРЕКА секторот, кои ќе имаат можност за дегустација, едукација и размена на контакти. Покрај македонските винарии и дестилерии на настанот ќе земат учество македонските локални производители на храна и претставници на Slow Food, како и некои млекари, а свој настап од 21:00 до 23:00 часот ќе има Агни Авшар квинтетот, порачуваат организаторите.

Влезниците на настанот може да ги набавите во „Канео“ ресторан и „Џез Ин“, денеска по цена од 1.400 денари. Со купена влезница на настанот ја добивате можноста за неограничена дегустација на вино, вински дестилати и храна, како и Riedel специјална чаша за вино.

Охридскиот вински салон „Над Езерото“ ќе се одржи на летната сцена „Долни Сарај“, вечерва (16-ти август 2025 година), во периодот од 18:00 до 01:00 часот. Телефони за резервација и продажба на билети: 078/374-702 / 070/850-282.