Skip to main content

Второ издание на Ohrid Water Festival

Второто издание на фестивалот на водените спортови Ohrid Water Festival ќе донесе богата програма. Девет денови над 20 спортски настани, концерти и изложби.
 |  инфодеск  | 

Охрид се подготвува за Фестивалот на водени спортови, ќе се одржи второто издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.

Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија. Во рамки на спортско-рекреативниот дел од програмата предвидена е организација на 20 спортски настани.

Ќе има меѓународна едриличарска регата, пливачки митинг, Илинденска регата на кајак и кану, акватлон, подводна навигација, ватерпол турнир, игри во вода, суп трка за деца….

„Ohrid Water Festival ги обединува сите спортови на вода но и промоција на природното богатство кое го имаме и развој на локалната заедница. Една од главните цели е заштита на Охридксото Езеро, знаеме дека сите водени спортови се еколошки и нашата цел е што повеќе да имаме пловни објекти како едрилици, кајак и други еколошки кои од една страна го разубавуваат езерото, а од друга страна го заштитуваме нашето и светско богатство. Една од целите е да создадеме еден спортско туристички производ кој што ќе биде препознатлив и надвор од земјава. Сите настани во најголем дел се олимписки спортови меѓутоа и од меѓународен карактер” , вели Јоне Станкоски организација.

На  промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival како пропратен дел на спортските настани, предвидена е и богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката. Неколку изложби и концерти кои ќе се одржат на платото кај хотелот Палас.

„Имаме и социјално едукативна и забавна програма. Од 27 август секоја вечер пред хотел Палас ке имаме забавна програма започнуваме со концерт на групата балтер а последниот ден завршуваме со Суперхикс. Помеѓу сите овие денови ќе имаме доста изложби, ден наменет за децата покрај промотивно нуркање ќе имаме и концерт на Златно славејче и концерт на децата од ОМУ Методи патчев. Многу ликовни изложби, изложби на фотографија, ден наменет за промоција и на охридксат храна со концерт на наум петрески. Една богата програма во Охрид”, додава Станкоски.

На 31-ви август, е предвидено одржувањето на „Охридскиот пливачки маратон”.

 Новинар Соња Рилковска