Второ издание на Стартап Викенд Охрид
Од 26-ти до 28-ми април 2024 година, во универзитетот „Св. Апостол Павле” во Охрид ќе се одржи второто издание на Стартап Викенд Охрид.
Настанот е наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.
– Стартап Викенд e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд. Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја, проект на кој ќе работат. Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со подршка на над 40 Ментори (Стартап Основачи и експерти) и ќе го претстават својот концепт пред жири од истакнати IT професионалци, бизнисмени и инвеститори, велат организаторите.
Настанот е во организација на Стартап Македонија, Стартап Викенд Скопје и голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти.