Skip to main content

WizzAir ги враќа летовите од Охрид и Скопје

Почнувајќи од 23-ти мај, нискобуџетната авиокомпанија WizzAir почна со постепено отворање на седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома, Скопје и Охрид.

 |   | 

Нискобуџетната авиокомпанија WizzAir, почнувајќи од 23-ти мај започна со постепено отворање на седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома, Скопје и Охрид.

Земји во кои WizzAir повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска, односно Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе/Баден-Баден и Малме.

Поради ковид-пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат.