Веб-страницата www.vakcinacija.mk во употреба
За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани.
За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани.
Преку пополнување на апликација искажувате интерес за вакцинација против КОВИД-19. Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години.
Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја, информира Министерот за здравство Венко Филипче.