Skip to main content

Започна да сообраќа двократниот панорамски автобус

Со денешното промотивно возење на децата од ЈОУДГ „ЈАсна Ристеска“, објект Централна и официјално оваа летна туристичка сезона во функција е ставен двократниот панорамкси автобус.

 |  Голабовски Крсте  | 
panoramski
панорамски

panoramskiСо денешното промотивно возење на децата од ЈОУДГ „ЈАсна Ристеска“, објект Централна и официјално оваа летна туристичка сезона во функција е ставен двократниот панорамкси автобус.

Ова возило со кое стопанисува ЈП „Биљанини извори“ ќе им стои на располагање на сите заинтересирани групи кои имаат желба убавините на Охрид и Охридското Езеро да ги видат од една поинаква перспектива. Сите заинтересирани корисници може да се обратат во дирекцијата на ЈП „Биљанини извори или на телефонскиот број, 046/231-535 за повеќе информации.

Инаку јавното претпријатие минатата година го доби на користење двократниот панорамски автобус, со одлука на Советот на град Охрид а на предлог на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

{loadposition content9}