За берба на шумски плодови само со дозвола
За берба на шумски плодови само со дозвола.
Почитувајте го законот без годишна дозвола не собирајте шумски плодови. Во спротивно законскиот престап скапо ќе чини. За годишната дозвола треба да се издвојат 400 денари. Пропишаните казни за оние кои нема да го почитуваат Законот се до 2000 евра. Веќе , една година се спроведува системот за одржливо користење на шумските плодови и ефектите се позитивни информира, Панче Николов директорот на секторот за споредни шумски плодови при ЈП Македонски шуми. Досега во земјава се регистрирани 46 откупни фирми, а над 3000 собирачи на шумски плодови платиле и обезбедиле годишна дозвола. Во Охрид има 6 регистрирани фирми за откуп на шумски производи, а 220 собирачи обезбедиле годишни дозволи , напоменува Николов.
„ Задоволни сме и се надеваме дека ќе добиеме позитивен ефект од целиот систем кој го воведовме. Тој е поврзан со нашиот извоз на финални производи во странство кои се потпираат врз издавње на сертификат кој го потрдува овој систем дек афункционира. Со цел да се заштити шумското богатство, но и да се управува и да се утврдива потеклото на производот од нашите простори. Да се знае дека е самоникнато растение, од кој регион и дека е од еколошко подрачје со што и неговата вредност на европскиот пазар е поголема.“
Собирачите на шумски плодови ќе може да заработуваат, но ќе мора и на државата да и плаќаат дел од заработката. Следуваат високи казни и за откупните фирми кои нема да склучат договор за откуп. За нив законодавецот предвидел казни во висина до 15.000 евра.
„ Очекуваме дека ќе се почитува одлуката. Шумската полиција, заедно со граничната полиција, МВР и со инспекторите од животна средина и од министерсвото за земјоделство, оваа година ќе имаат поголема контрола врз собирните подрачја, најавува Николов.
Собирачите на шумски плодови како што се смреката, печурките и лековитите билки годишни дозволи треба да набавуваат во охридската подружница Галичица на јавното претпријатие Македонски шуми. Годишната дозвола издадена во една подружница ќе важи за сите собирачки терени во земјава.
{loadposition content9}