Skip to main content

За Божик бесплатен паркинг во Охрид

ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2022 (петок) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.

 |  инфодеск  | 
Охрид паркинг
ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2022 (петок) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божик и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање. 
ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет. За многу години “Христос се роди” – се вели во соопштението на Јавното претпријатие.