Skip to main content

За директорот на студенскиот дом сомнителни се сликите со инсекти

Директорот на студентскиот дом Никола Карев ја смирува топката по вестите за пронаоѓање на инсекти во оброците на студентите. Тој не може ниту да го потврди ниту да го демантира настанот, бидејќи до него не биле доставени никакви докази освен објавените слики на социјалните мрежи. Симптоматично е тоа што на тие слики има јадење кое не се наоѓа на нивното мени, а само пред две недели е извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во студентскиот дом, посочи директорот Куциноски.
 |  инфодеск  | 
Студенски дом

Студентската јавност деновиве е вознемирана од фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи на кои се гледаат инсекти во храната која наводно потекнува од мензата на охридскиот студентски дом „Никола Карев“. Директорот на студентскиот дом со резерва ги прифаќа овие наводи, бидејќи на 17-ти март извршена е дезинфекција, дезинсекција и дератизација, на површина од 150 метри квадратни, на кујната и ресторанот.

Причина за евентуалниот инцидент треба да се бара и во непочитувањето на правилата од страна на студентите, вели директорот.

Не можам да потврдам дека инсектот што беше најден на самата храна потекнува од нашата кујна, бидејќи имаме издадено наредба храната да не се изнесува од ресторанот, сепак студентите ја носат во самите соби, што може да предизвика несакани последици, односно да има инсекти во храната – истакна Жарко Куциноски, директор на Студенскиот дом.

Жарко Куциноски

Сомнеж кај директорот Куциноски кај вистинитоста на фотографиите преставува делот каде се прикажува оброк составен од ориз и свински ражниќ, јадење кое не се наоѓа на менито на мензата од студентскиот дом.

Денес со напреднава технологија секој може да слика, монтира. Сепак, тие се деца, ние не можеме да им замериме, но ги замолувам, се она што имаат, слободно да пријават кај мене, да донесат, да видам, да се уверам, а не вака преку фотографии да го оцрнуваат студентскиот дом „Никола Карев“ – вели Куциноски.

Студенски дом

Наредната дезинфекција, дезинсекција и дератизација е закажана за во понеделник од страна на Центарот за јавно здравје. Од страна на вработените во домот се преземаат сите потребни мерки, но апелират, студентите да не ја изнесуваат храната од мензата.

Студенски дом