Како и секоја летна сезона на социјалните мрежи најактуелно е споделувањето на фискални сметки и критиките дека услугите во Охрид се прексапи. Најчесто критикуваат домашните туристи, за странските гости цените се коректни и пристапни.
Се споделуваат коментари дека Охрид е поскап и од Грција и од Црна Гора.
Угостителите пак се бранат, велат има цени за сечиј џеб. За едно кафе може да се платат од 60 до 200 зависно, од од локацијата, близината на езерото, услугата и амбиентот. Во угостителските локали надвор од централното градско подрачје цените се доста пониски, како што е и впрочем во сите туристички метроли..
„ Услугата, местото, седењето, столчето. Глетката наоколу сето тоа се продава. Значи еден објект со убава глетка плаќа кирија многу поскапа во споредба со некој што е на пазариште или анстаран. Охрид веќе станува препознатлив и за побогатата клиентела така што тие полуксузни објекти со поубави објекти сервираат поатрактивни производи. Се оди на некој посебен квалитет кој може да се продава за повеќе пари. Да има такви цени но имаме чаеви и за 50 и за 40 денари има насекаде кафулиња ресторани со разновидни цени и може да се пратат денес е лесно на инетрнет”, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Угостителската фела смета дека цените соодејствуваат со нивото и квалитетот на услугата, а тие се зголемени сразмерно на порасттот на трошоците за живот и платите во секторот.
„Ако се оди со многу ниски цени тогаш не сме прпеознатлива дестинација за некоја друга одредена класа , ако се оди со повисоки цени тоагаш има одреден дел од гости коис е бунат зошто кафето или чајот се толку скапи. Сме спомнале повеќе пати мораме да имаме дестинации каде што ќе биде псокапо. Веќе и во Скопје на одредени делови имаме такви цени, тоа е нормално. И во моливте се скапи и таму нема нешто под 100 ден. Работната сила на поскапе, тие треба да се плаќаат, недела сабота празници двојни дневници се тоа значи поголеми трошоци и нормално е да има поскапување на цените”, додава Блажески.
Охрид и натаму е најевтина летна туристичка дестинација споредбено со туристичките места во околните земји.
Новинар Соња Рилковска