Skip to main content

За дваесеттина дена во Охрид случени 14 кражби

За дваесеттина дена во Охрид  случени 14 кражби.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid

Од почетокот на годинава до 22 јануари охридската полиција евидентирала 14 кражби. Од нив седум се класифицирани како обични кражби, 5 како тешки, а две тешки кражби во обид, информираат од СВР Охрид. Крадците оперирале во домови и продавници, но svrобивале и автомобили. При тоа одзеле златен накит, пари, парфеми, телевизиор ЛСД, велосипед поштенско сандаче, па дури и канта со сирење. Од возилата краделе  акумулатори, гориво и радио уреди. Имало и тешки кражби во обид но при  тоа не уккрале ништо. Полицијата открила двајца сторители на тешки кражби, а останатите случаи се во фаза на реализација посочуваат од СВР Охрид.

За подрачјето на Дебрца портпаролот  на СВР  Охрид Стефан Димсоки напоменува дека жителите од оваа општина се заштитени со полициска  канцеларија која е сместена во општинската зграда. Полициските патроли во селата низ Дебрца се прават редовно, а во текот на ноќта има повремени патроли кои патролираат во одредено време и место по одредени информации, напоменува Димоски.

Неодамна и жителите на Радожда бараа во нивното село да има полициска канцеларија. Досега на адреса на СВР нема стигнато вакво барање од радождани, нагласува Димоски. Нивните служби немаат сознанија за безбедносно нарушување, но се подготвени да се сретнат со жителите од Радожда и да ги слушнат нивните потреби и барња. Димоски посочува дека минатата година на ова погранично село биле евидентирани  неколку кражби и  сторителот бил откриен и против него биле  преземени соодветни мерки.