Skip to main content

УХМР

За еден сантиметар повисоко нивото на Охридското езеро

Сепак водостоите на трите природни езера во земјава се пониски од просечните за јуни.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

За по еден сантиметар се зголемени водостоите на Охридското и Дојранското езеро во споредба со вчерашното ниво, додека кај нивото на Преспанското Езеро нема промена, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

И покрај тоа водостоите на трите природни езера во земјава се пониски од просечните за јуни и тоа за 5 сантиметри на Охридското езеро, за 74 сантиметри кај Дојранското и за 1,89 метри кај Преспанското Езеро.

Нивоата на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Исклучок се реките Крива Река на мерното место кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Струмица кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани каде има понизок водостој од просечниот.