Skip to main content

За „Илинден“ традиционално едрилиците ќе забелеат во Охридското Езеро

Традиционалната Илинденска регата иако со помал број учесници и годинава ќе се одржи.

 |  Мишел Наумоски  | 
edrilici
едрилици

Традиционално и годинава водите на Охридското Езеро ќе се белеат на 2ри и 3ти Август. Илинденската регата во организација на Едриличарската федерација на Македонија годинава ќе биде домаќин на помал број на натпреварувачи, а до овој момент сигурно е учеството само на македонските едриличарски клубови и тоа во класите Оптимист до 15 години , генерално до 12 години и девојчиња, ласер со подкласите ласер стандард, ласер радиал и ласер 47, потоа класите 470, микро и мини тонците, а годинава од Едриличарската федерација на Македонија велат дека ја враќаат и класата на даски за едрење.

edrenje„Оваа година присутни ќе се клубовите од Македонија, едриличарските клубови од Охрид, Струга и Скопје, очекуваме потврда од едриличарскиот клуб „Зоран Радосављевиќ“ од Ниш, Република Србија, пријавен е еден екипаж од Швајцарија, очекуваме потврда за уште еден екипаж од Германија, исто така пријавени се едриличари од клуб од Драч, Албанија, клубот со кој имаме потпишано пред неколку години договор за соработка и со кого заедно овие денови едриличарите од двата клуба, тренираат во водите на Охридското Езеро.“-вели претседателот на Едриличарската федерација на Македонија, Стефан Ставрев.

Ilindenska regataРегатното поле традиционално се простира од градското пристаниште, Горица 1, Канео и Охридскиот залив, во зависност од тоа дали ќе дува северен или јужен ветер. Илинденската регата и покрај својата традиција, во минатото имаше проблеми во финансискиот дел, но годинава Ставрев вели дека ситуацијата е подобра.

„Околу финансискиот дел Илинденската регата е влезена во програмата на општина Охрид за одбележување на празници. Исто така Агенцијата за млади и спорт е покровител со тоа што аплициравме за средства за 2014та година за Илинденската регата. Тие средства се одобрени. Од финансиски аспект немаме никаков проблем во организација на овогодинешната регата.“-рече Ставрев.

Инаку одржувањето на Илинденската регата на 2ри Август и големиот празник Илинден, се поклопува со Малиот пливачки маратон чиј што старт е закажан за 10 и 10 часот и 15 минути. Ставрев вели дека откако ќе завршат пливачите, ќе стартуваат едрилиците, што според него само ќе придонесе за убав и исполнет празничен ден. Да им посакаме добри ветрови.

{loadposition content9}