Skip to main content

За ЈП Градски гробишта годината на заминување е повеќе од успешна

За ЈП Градски гробишта  годината на заминување   е повеќе од успешна. Со домаќинско работење вратени стари долгови од пред шест години. Тековната годината ќе ја завршат со добивка од над 4  милиони денари. 

 |  Валентина Неловска  | 

ЈП Градски гробишта бележи успешна деловна година. Во соработка со Локалната самоуправа се сработени над 30 проекти во висина од над 6,5 милиони денари , информира Ванчо Костоски директор на ЈП Градски гробишта. Работниците на претријатието биле ангажирани партерно да уредат простори пред разни објекти, плоштади, пешачки патеки и тротоари во градот и селата, како и во туристичките населби.

„ Заклучно со извештајот од 1 .9. 18 приходите на ЈП се над 21 милион денари. Споредено со минатата година од нешто повеќе од 17 милиони денари до 1 октомври сме поуспешни. До крајот на годината очекуваме да надминеме 4-5 милиони денари во позитива на ЈП “, подвлекува Костоски.

Директорот Ванчо Костоски се пофали дека со домаќинско работење успеале да вратат стари долгови кои не биле платени од пред шест години. Од 1 1.18 година до денес вратиле над 5 милиони денари, споделува Костоски податоци од работењето.

„ Односно некаде околу 86 илјади евра стари долгови направени од 2011 година па навака. За пример годинава ги плативме компјутерите набавени за претпријатието од 2012 година. Купени пред 6 години дури сега се платени. Со домаќинско работење успеавме да вратиме бројни долгови“, вели Костоски.

Ванчо Костоски напоменува дека имаат стари заостанати долгови во висина од околу 3 милиони денари. Секојдневно стасуваат тужби за стари долгови кои ги сервисираат. Работиме на заштеди во претпријатието и редовно ги сервисираме сите обврски, нема неисплатени плати за вработените и обврски кон државните институции, вели директорот на ЈП Градски Гробишта.