Skip to main content

За колкава плата ќе работат увезените работници во хотелско угостителскиот сектор?

Увезените работници од Непал, Индија, Филипини и Малта ќе работат за 350 до 540 евра плата месечно. Нашите вработени масовно заминуваат Хрватска бидејки таму платите се од 1000 евра нагоре.Оваа туристичка сезона на брегот на Охридското Езеро се очекува да работат околу 600 -700 вработени од странство.  
 |  инфодеск  | 
ugostitelstvo

За плата од 350 до 540 евра месечно во хотелско угостителскиот сектор , доаѓаат и  прифаќаат да работат  работници од Непал, Филипини и Малта. На тоа дополнително добиваат, осигурување,  сместување и еден оброк. За  таа плата не сакаат да работат нашите граѓани, велат хотелиерите. Нашиот кадар одлучно и масовно заминува во Хрватска,  особено помладите генерации, не прифаќаат да работат ниту за 700 евра, велат бегаат од системот на државата.  Во Хрватска платите на вработените во хотелско угостителскиот сектор се движат од 1000 до 2000 евра зависоно од позицијата.

„Нажалост, навистина ми е криво што ќе носиме луѓе од други земји од Непал Филипини и Малта.Кај мене доаѓаат и почнуваат со работа од 15 ти март за почеток 18 вработени, ако се погодат ќе увеземе дополнително, бидејќи нашиот кадар не напушти. Заминаа по Хрватска, по други дестинации иако после една година се враќаат откако ќе видат каква е ситуацијата таму . Но трендот на заминување расте па ние сме принудени да бараме варијанта а тоа ни е увоз на кадар од други држави. Платата им почнува од 540 евра нагоре, зависно од позицијата “ , вели Муса Рашид хотелиер.

Кадарот од странство нема да биде во прва линија, повеќето ќе се во кујна, собарки, помошници, шанкери. Носечка сила во хотелско угостителскиот сектор повторно ќе бидат младите учениците и студентите, кои псоледните години веќе се етаблирани и поддршка на секторот.

„Оваа година веќе ќе добиеме некои работници од други држави и ќе се пополнат некои дупки во работните места каде што ќе може да се употреби. Тие што не се напред, некој мора да работи и во позадина, да чистат, да средуваат, помошници во кујна, собарки итн. Имаме такви работници кои што ни фалат, и мислам дека ќе се направи едно рманотежа оваа година и ќе биде полесна од минатата. Има разни плати, некој ќе биде 500 евра ако ја заслужува, се споменуваат плати од минималната 350 евра па се до 500 евра. Веќе за поголеми плати од 500 евра тоа се поголеми професионалци”, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.  

Оваа туристичка сезона на брегот на Охридското Езеро се очекува да работат околу 600 -700 враљботени од странство.

Новинар Соња Рилковска