Skip to main content

За Македнија се работи

Има со што да се гордееме на одбележувањето на 20 годишнината од формирањето на ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Билјана Николовска  | 
Atanasko MIahailov
Атанаско Михаилов
clenski knishkiМладата популација се повеќе доминира во новото членство на оваа партија. Ова го истакна претседателот на партијата, Атанаско Михаилов на денешната прес конференција. Корпус деликти. На маса 1036 нови членски легитимации во просториите на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид. Претседателот на ОК Атанаско Михаилов вели дека конечно се комплетира партискиот мозаик од стари и нови членови симпатизери на нивната партија. Тој истакна дека посебно е задоволен што во рамките на одбележувањето на 20 годишнината од формирањето на партијата можат да се пофалат со ваков успех.
Михаилов рече дека вратата на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид е отворена за сите подеднакво. Настрана ја стави само соработката со ВМРО – НП и рече дека оваа партија во моментов е во една непринципиелна коалиција.
Атанаско вети дека во престојните денови од одбележувањето на 20 годишнината од формирањето на партијата ќе се кажува само за позитивни работи. Тој најави дека овие денови ќе има трибини, средби со граѓаните и други партиски активности, бидејќи според него, довербата на народот е главен двигател во реализирање на идеологијата на партијата во остварувањрто на целите, пред се за доброто на Охрид.
{loadposition content9}