Skip to main content

За намалување на дивите депонии Комуналец ќе поставува видео надзор

ЈП Охридски Комуналец ќе поставува видео надзор. На 30 критични локации – црни точки низ градот ќе се поставуваат камери со цел да се реши проблемот со дивите депонии. Следен новитет во комуналното охридско претпријатие е бенифициран стаж за вработените од февруари годинава.
 |  инфодеск  | 

Ќе се поставува видео надзор за намалување на бројот на дивите депонии во охридксиот регион. ЈП Охридкси Комуналец започна постапка за поставување на камери со цел да се спречи несоодветното одлагање на отпадот. Изминативе години комуналното претпријатие се соочува со голем предизвик, диви депонии никнуваат на разни локации. И покрај тоа што се преземаат напори за нивно расчистување после тоа несовесните граѓани повторно одлагаат отпад. Со триесеттина камери се очекува да се воспостави ред.

„Може да кажам дека постојано сме на терен еколошката светс кај граѓаните мор ада се подобри за да имаме подобар резултат на терен. Имаме соработка со невладини организации кои реално ни помагаат доста сомапирање на тие диви депонии. Во програмата за оваа година на ЈП предвидено е поставување на видео надзор на минимум 30 локации сега следи период на подготвоки на терен за да видиме на кои локации ќе се поставуваат” , вели Сашо Најдески директор на ЈП Охридски Комуналец.

Друг новитет за годинава е бенефициран стаж за вработените во ЈП Охридски Kомуналец.  Наместо за 12 месеци годишно вработените со тешка работна позиција на терен ќе се пресметува стаж од 14  или 15 месеци. Со бенефициран стаж ќе бидат опфатени 130 вработени.

„Економската криза се одрази и кај нас како ЈП, ние и покрај тоа редовно ги исплаќаме платите на вработените, се исплаќа работа во недела, разбота за празници работа во ноќна смена. И покрај тоа после направената финансиска анализа се одлучивме на вработените да им исплаќаме и бенифициран работен стаж. Тоа е согласно законот и правилникот за утврдување на работните места, на вработени кој што имаат работно место каде што работата е од потежок карактер, каде што има негативно влијание врз здравствената состојба и способноста на вработените”, додава Најдески.

Од ЈП Охридкси комуналец велат се работи и на обновување на возниот парк. Набавен е трактор со придружна механизација за зимско одржување, набавен е камион гасеничар за одржување на депонијата Буково, а од сопствени средства набавени се и две специјализирани возила за подигнување на комунален отпад.

Новинар Соња Рилковска