Skip to main content

ЗА НАРЕДНАТА СРЕДА ЗАКАЖАНА ПЕДЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Педесет и осмата седница на Советот на општина Охрид е закажана на ден 28.04.2021(среда) со почеток во 11:00 часот.

 |   | 

Педесет и осмата седница на Советот на општина Охрид е закажана на ден 28.04.2021(среда) со почеток во 11:00 часот.

Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид.

На дневниот ред на седницата ќе се најдат следните точки:

Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2021 година.

Предлог – одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното (неизградено и изградено) земјиште за календарската 2021 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид.

Предлог – одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште за календарската 2021 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид по катастарски општини.

Предлог – одлука за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид.

Предлог – програма за управување со отпад на општина Охрид за 2021 година.

Предлог план за управување со отпад на општина Охрид за период 2021 -2023 година.

Предлог – Програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2021 година.

Предлог – Одлука за усвојување нацрт – план за интегритет на општина Охрид 2021 – 2025 година.

Предлог Одлука за донесување Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување на велосипеди.

Предлог Одлука за донесување Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање занаетчии на подрачјето на општина Охрид.

Предлог Одлука за донесување Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид.

Предлог Одлука за донесување Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање даватели на услуги поврзани со водениот превоз и други рекреативни активности на вода и плажа во општина Охрид.

Предлог Одлука за донесување Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на даватели на услуги во сместувачки капацитети од мал обем на општина Охрид.

Предлог Одлука за донесување Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање даватели на услуги во селски туризам и даватели на угостителски услуги во селски домаќинства на општина Охрид.

Предлог Одлука за донесување Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на туристички водичи на подрачјето на општина Охрид.

Предлог Одлука за донесување Правилник со кој се утврдени начинот и условите за изнајмување на локации за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид.

Предлог одлука за усвојување на стратегијата зa меѓуетничка интеграција во образованието и младински активизам на општина Охрид.

Предлог – Одлука за усвојување на планот за запишување на ученици во прва година во општинското училиште ОСУ„Св.Климент Охридски“-Охрид во општина Охрид за учебната 2021/2022 година.

Предлог – Одлука за усвојување на планот за запишување на ученици во прва година во општинското училиште СОСУ„Св.Кирил и Методиј“-Охрид во општина Охрид за учебната 2021/2022 година.

Предлог – Одлука за усвојување на планот за запишување на ученици во прва година во општинското училиште ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“-Охрид во општина Охрид за учебната 2021/2022 година.

Предлог – одлука за усвојувње на годишниот извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Југозападниот плански регион и годишан извештај за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2020 година.

Предлог – Одлука за давање согласност на измените на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година.

Предлог – Одлука за усвојување на годишна сметка и извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за 2020 година за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година.

Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба Охрид“-Охрид со статус на административни службеници за 2021 година.

Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување отпадни води за 2020 година на ЈП„Нискоградба“ – Охрид.

Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за измени и дополнувања на годишниот план за вработување за 2021 година на ЈП„Нискоградба“ – Охрид.

Предлог- одлука за давање согласност на одлуката за регулирање на односите на ЈП„Водовод“ – Охрид како правен следбеник на МЈП Проаква – Струга, во договорите за јавно приватно партнерство за МХЕ “Летнички извори” и МХЕ “Горно белички извори”.

Предлог- одлука за давање согласност на одлуката за покривање на финансиската загуба од работењето на ЈП „Водовод“- Охрид за 2020 година.

Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот извештај за спроведување на утврдените тарифи за водоснабдување за 2020 година на ЈП„Водовод“ – Охрид.

Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП„Водовод“ – Охрид за регулиран период 2021-2023 година, донесено од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на годишниот план за вработување за 2021 година на ЈП Градски Пазар – Охрид.

Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување за 2022 година на ЈП Градски Пазар – Охрид.

Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на годишниот план за вработување за 2021 година на ЈП„Градски гробишта“ – Охрид.

Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување за 2022 година на ЈП„Градски гробишта“ – Охрид.

Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за променет годишен план за вработување за 2021 година на ЈП„Билјанини извори“-Охрид.

Предлог – Одлука за разрешување и именување член во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид.

Предлог – Одлука за разрешување и именување член во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП Градски Пазар – Охрид.

Предлог – Одлука за разрешување и именување член во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид.

Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во управниот одбор на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид.

Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.

Предлог – одлука за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид.

Предлог – одлука за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Ванчо Николески“ – с.Лескоец.

Предлог – одлука за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Живко Чинго“ – с.Велгошти.

Предлог – одлука за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.

Предлог – одлука за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.

Предлог – одлука за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.

Предлог – одлука за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Св.Наум Охридски“ – с.Пештани.

Предлог – одлука за пренесување на правото на користење на возила за специјална намена за собирање и пренесување смет на ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид.

Предлог – одлука за пренесување на правото на користење на патничко моторно возило марка „Цитроен“, сопственост на општина Охрид на ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид.

Предлог – одлука за пренесување на правото на користење на патничко моторно возило марка „Форд фиеста“, сопственост на општина Охрид на ЈП„Билјанини извори“ Охрид.

Предлог – одлука за пренесување на правото на користење на патничко моторно возило марка „Форд фиеста“, сопственост на општина Охрид на ЈП Градски пазар Охрид.

Предлог – одлука за пренесување на правото на користење на патничко моторно возило марка „Мерцедес“, сопственост на општина Охрид на ЈП„Водовод“ Охрид.

Предлог – одлука за давање донација на ЕКО ФАП – Охрид.

Предлог – одлука за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид.

Предлог – одлука за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежна парцела.

Предлог – програма за изменување и дополнување на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2021-2023.

Предлог – програма за изменување и дополнување на програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година.

Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот на членови на Комисија за урбанизам.

Предлог – одлука за давање на трајно користење на недвижен имот, заедничка сопственост на општина Охрид и други на ЈП Градски пазар Охрид.

Предлог – одлука за давање на времено користење недвижен имот– дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид.

Предлог – одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на општинска организација – Сојуз на борци Охрид и Дебaрца.

Предлог – одлука за давање на времено користење недвижен имот-деловен простор, сопственост на општина Охрид.

Предлог – одлука за давање на времено користење недвижен имот – деловен простор.

Предлог – одлука за давање на времено користење недвижен имот на ЈП „Билјанини извори“ Охрид.

Предлог Заклучок за отпочнување постапка за разрешување на директорот на ЈП ВОДОВОД Охрид.

Предлог Заклучок за ослободување на вршителите на угостителска дејност од надомест за поставување на урбана опрема пред угостителски објекти на територија на општина Охрид.

Предлог – одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.6492/9 во КО Охрид 4.

Предлог – одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.15519/17, 15519/1, 15280, 15519/18, 15079/2, 15079/1, 15073/2, 15073/1, 15547/1, 15082, 15081, 15095/1, 15194/2, 15094/8, 15094/5, 15076/6, 15519/15, 15080/2, 15080/3, 15095/2 во КО Охрид 3.

Предлог – одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр. 7784/3, 77776, 7771, 7800/13 во КО Охрид 1.

Предлог – одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр. 14761/1, 14761/8, 14761/9 и други во КО Охрид 3.

Предлог – одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.15092/2, 15092/3, 15092/4, 15094/2, 15094/5, 15094/8 и 15094/9 во КО Охрид 3.

Предлог – одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на КП.бр. 14373 во КО Охрид 3.

Предлог – одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација со замена на градежно земјиште на Кп.бр. 2418/6 и други во КО Коњско и Кп.бр.6288 и други во КО Охрид 4.