Skip to main content

За Охрид како туристичка дестинација се поголем е интересот и кај соседите во Албанија

За Охрид како туристичка дестинација се поголем е интересот и кај соседите во Албанија.  Албанските туроператори и туристички агенции се подготвени да го нудат Охрид во своите аранжмани. Ова се потврди на одржаниот меѓународен туристички саем во Тирана каде што општина Охрид ја продолжи својата меѓународна промоција.

 |  Валентина Неловска  | 

Охрид и регионот се поинтересни за туристите од соседна Албанија. Албанските туроператори и туристички агенции се подготвени да го нудат Охрид како нова дестинација во нивните аранжмани , покажаа последните средби на меѓународниот туристички саем што се одржа во Тирана, информира Илкер Мустафа од Тлер.

„ Охрид е дестинација која се бара и ќе се бара на албанскиот пазар. Од остварените средби интересот е голем. Се бара нова труистичак понуда и аранжамни и во иднина ќе има гоелм инетерс на тој пазар за Охрид“, вели Мустафа.

 

 

На меѓународниот саем што се одржа од 6 до 8 април општина Охрид своите потенцијали ги претстави преку Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Со тоа продолжува да се промовира нашиот туристички потенцијал онаму каде што анализите покажале дека има недостаток од промоција на регионот, напоменува Мустафа. Една од тие земји се и нашите соседи од Албанија.

„ Ги интересира Охрид како културно историско наследство и како природно богатство. Сето тоа е интересно за нив. По остварените средби со голем број од туристичките агеници изразија надеж дека Охрид ќе бида ставен на нивна листа како туристичка понуда“, кажува Илкер Мустафа од Тлер.

Во статистичките податоци со кои располгаат од Тлер во последните две години се евидентира пораст на гостите од соседна Албанија и во бројот на посетите и во ноќевањата. Во 2016 година биле реализирани 5043 ноќевања и 3034 посети на албански гости. Минатата година има тренд на пораст и тоа од 3091 посета и 6129 ноќевања на албанските туристи на охридското крајбрежје.