Skip to main content

За продажбата на земјиштето за изградба на 3 капитални објекти се огласи и Вмро Дпмне

За продажбата на земјиштето за изградба на 3 капитални објекти се огласи и  Вмро Дпмне

 |  Валентина Неловска  | 
илија
илија

 

Илија Аранудовски, координаторот на советничката група на Вмро Дпмне,  упати остри критики до своите колеги од опозицијата и се осврна на оправданоста од одлуката донесена за продажба на државното земјиште за изградба на трите капитални објекти за градот.

Илија„ Анализите направени од страна на стручни лица покажаа дека најбрз и најдобар начин е со продажба на земјиштето. На општината добро би и дошле приходите од продажбата на земјиштето и комуналиите, затоа што на општината,  на валста од ВМРО ДПМЕН и беше предадена со долг од над 33 милиони евра. Намерата е што повеќе инвеститори да се јават на јавниот повик со цел да се зголеми цената за продажба“, истакна Арнаудовски.  
 
Арнаудовски кажа дека во општинската каса ќе се слеат милионски суми  денари кои ќе ја извлечат општината од финансиска криза, за која како што рече, се виновни СДСМ.

„ Во однос на изградбата на капиталните објекти во урбанистичката  документација се строго предвидена  изградба  на автобуската станица, катната гаража и домот за стари  лица. Земјиштето кое ќе се продава е строго наменето за овие три објекти и во тендерската документација ќе се наведат роковите за изградба таквите објекти“, потенцира на прес конференцијата координаторот на советничката група на Вмро Дпмне.

Координаторот на советничката група н Вмро Дпмне, Арнудовски ја наведе можноста доколку овој начин на изградба на објектите не успее, постојат и други модели како што се јавното приватно партнерство или некој друг согласно законските регулативи.  

 {loadposition content9}