За прв пат презентирани вредни експонати од етнолошката збирка на НУ Завод и Музеј
Вo Куќата на Робевци отворена „Изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј”. Пред јавноста за прв пат се презентирани експонати од богатата етнолошка збирка.
Станува збор за 48 вредни примероци, врвни занаетчиски творби, највпечатливиот накит на народната носија, украсот на градската облека што се носелво 19 и почетоците на 20 век. Повеќето се изработки од сребро, бакар, седеф во комбинација со други елементи од кожа, ппалтно и вез.

„Се работи за женски накит кој е дел од невестинската и празничната носија. Предметите потекнуваат од охридксите, струшките реканските села ресен. Тие се рачно изработени во занаетчиските центри најчесто Охрид и Струга но и другите соседни занаетчиски центри а има и донесени од надвор од други земји. Овој накит е дел од свадбената и празничната носија најчесто се добивал као подарок при свршувачка илиз а свадба и сто тоа означува еден премин од еден во друг животен период.“ вели Оливера Мишева, етнолог виш кустос при НУ Завод и музеј Охрид.

Накитот не е само декорација, туку дел од културата. На украсите има богата орнаментика со различна симболика и значење преку која се препознаваат верските определби, статусот на жената и народните верувања.


„Со оваа изложба сакав да покажам дека накитот има многу покомплексна функција. Не е само уркас не е само декор или врвна занаетчиска изработка туку накитот се носел и со друга намена. Да го одбележи статусот на тој што го носи, социјалниот статус, дали е ипоимотен или посиромав, Дали е девојката невеста или вереница но во тоа време накитот си носи и своја заштитна функција чувајки ја жената од секакви уроци од лоши сили. На овој начин воедно се презентираат и овие врвни занаетчиски изработки, а покрај тоа да се истакне и врерска определба и да се слави симболиката на плодноста.“ – додава Мишева.
Овој вреден накит Завод и музеј Охрид го добивал или како подарок или преку откуп. Проектот на етнологот виш кустос Мишева, за чија цел е изработен и каталог, е комплетно финансиски поддржан од Министерството за култура.


Новинар Соња Рилковска