За прв пат во Охрид се одржува работилница за примена на техниката Access Consciousness
Пристап до свесноста или Access Consciousness е нова техника која на луѓето им нуди ослободување од секојдневниот стрес и враќање на самодовребата. Со примена на техниката се постигнува личен развој.
Ослободување од секојдневниот стрес и враќање на самодовребата се само дел од примената на техниката Access Consciousness. Надја Милевој од Хрватска три години ја применува оваа техника и Access Bars. Со тоа добив голема позитивна промена во животот. Ми се врати радоста бидејќи дотогаш животот ми беше тежок. Се ме попречуваше , но со примена на техниката почна да ми се отвара и менува животот, споделува Милевој.
„ Лесно се учи. Се поставуваат прашања. Кога добивате мисла нешто ви доаѓа се прашувате дали е тоа мое или чие е тоа. И на тој начин ја тргате мислата и одите по своето. Тоа сум јас. Ние ги собираме туѓите мисли и се однесуваме по тие мисли кои ни го обликуваат животот. Не сакам да го живеам туѓиот живот сакам да бидам јас и тоа ме прави среќна и весела“, раскажува Милевој за своето искуство од примената на техниката Access Bars.
Техниката Access Consciousness е пристап до свесноста преку техниките Bars на главата и телото, прашања и телесни процеси. Bars е допир кој ослободува. Постојат 32 точки на главата кои при нежен допир, на лесен начин отпуштаат се што не ви дозволува да примате се активира со нежен допир, го отпуштаат енергетскиот набој кој е врзан . Тоа е како да влезете во ‘hard disk-от’ на вашиот мозок и да ги избришете датотеките кои не ви се корисни. Со покренување на BARS-ите се ослободува заробената енергија и со тоа се отвара простор за креирање на поинакви, нови можности. За секој кој сака личен развој за прв пат во Охрид се одржува работилница на која може да се научи и применува Техниката Access Consciousness сo помош на лиценцираниот водител Бисерка Хорватин.
„Тука се придвижуваат сопствените bars, точки. Тоа е нашиот живот, телото, исцелувањето, тагата, радоста, парите, контролата , креативноста или импалатанти преку мислите, емоциите самодовербата од дестството до сега“, споделува Хорватин.
BARS техниката е наменета на сите. Нема возрасно ограничување , таа е и за возрасни и за деца , без разлика на пол, регион, религија. Оваа техника ја канализирал Гари Даглас во САД. Во светот се применува веќе 25 години, а на нашите простори од пред 6 години. Повеќе информации за работилниците во Охрид може да најдете на социјалната мрежа Фејсбук.