За руралните средини нема проекти за реконструкција на локалните патишта
Жителите од очекуваат подобра патна мрежа за селата Куратица, Плаќе, Завој, Свиништа и автокампот Љубаништа.
Благој Бочварски, Министерот за транспорт и врски, ги повика сите 80 општини од земјава да аплицираат со изработени проекти за заем од 70 милиони евра од Светска банка за подобрување на патната инфраструктура. Неодамна од говорницата во градскиот Совет, Гоце Георгиески, советник од редовите на Вмро Дпмне, праша дали има можност за конкретна реализација во нивниот мандат за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во руралните средини во Охрид.
„Во програмата ставивме за реализација на проекти за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во населени места преку проекти финансирани од домашни и меѓународни организации. Се работи за локални патишта за село Куратица, во должина од 5,5 км, изградба на локален пат за Плаќе, реконструкција на локалните патишта до Завој, Свиништа, Расино, до автокампот Љубаништа.
Градоначалникот Константин Георгиески кажа дека за руралните средини ќе треба да се изнаоѓаат алтернативни извори. Потсети дека општината претходно имала подзаем преку МСИП (капитални инвестиции за подобри услови за живот во општините) на средства во висина од 120 милиони денари за улиците Питу Гули и Ристо Чадо.
„Меѓутоа информациите кои ги имаме тешко ќе влеземе во МСИП со проекти за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој. Ние аплициравме таму со улицата Гоце Делчев со проект од 50 милиони денари средства кои се малку. За Куратица Плаќе, Завој ќе чекаме нови повици“.
ТВМ се обиде преку Фондот за комунален развој,сообраќај и улици да добиеме одговор дали можеби се подготвува некој проект со кој општината ќе аплицира за средства за подобрување на локалната патна инфраструктура. Во телефонски разговор добивме одговор дека има проект но без никакви подетални информации.
Според, министерот Благој Бочварски, пак досега општините од земјава имаат искористено само 11 милиони евра средства од Меѓународната банка за обнова и развој.