Skip to main content

За само една недела од март грипот „легнал“ 311 охриѓани

За само една недела од март грипот „легнал“  311 охриѓани.

 |  Валентина Неловска  | 
центар
центар

 

За само една недела од грип заболеле 311 охриѓани. Амбулантите на  матичните лекари, но и на инфективното одделение се полни со пациенти заболени од грип.  Епидемиологот д-р Јованка Стурллакова  Коровешоска од Центарот за јавно здрвје Охрид, информира дека засега се изолирани вирусни инфлуенци од типот А и Б.  87 проценти од заболените се инфицирани со вирус тип Б , а останатите 13 посто од тип А, укажува д-р Коровешоска. Статистиката покажува дека во првите два месеци од годинава споредени со 2014   има поголем број заболени од грип, но за среќа нема  фатални случаи.
грип
„ За разлика од лани има помал број заболени и  имавме 2 фатални случаи. Оваа година се ординира   2,5 пати повеќе тамифлу од претходната година. Тамифлу е најдобро е да се ординира во првите 24 до 48 часа .Таа пракса ја практикуваат матичните лекари и затоа има помали компликации за разлика од минатата година“, напоменува д-р Јованка С. Коровешоска.  

Инкубацијата на вирусот започнува  од 1до 3 дена со болки во слепоочниците, по целото тело, немање апетит, потење, истоштеност,  и завршува најчесто со компликации како што се пнеумонија или воспаление  на ушите. Мал процент на заболени има од оние кои примиле вакцина. Најмногу на удар се пациентите на возраст од 15 до 64 години, кажува  д-р Коровешоска.   

грип„ За разлика од претходната година има заболени повеќе млади. Младите од школската возраст имаат многу одсуства од училиште според евиденцијата од школите, одсуствуваат од часови заради  грип.  Станува збор за високо контегиозно заболување кое се пренесува по воздушен пат. И  колку да се земаат превентивни мерки, начинот на пренос и честата антигенска промена делува за брзо ширење на заболувањата кај невакцинираните, подвлекува епидемиологот Коровешоска.

Во охридскиот Центар за јавно здравје во  првите два месеци од оваа година се регистрирани 1081 заболен од грип, додека лани во првите два месеци биле евидентирани 945 болни лица.

{loadposition content9}