Skip to main content

За Велигден охриѓани купуваат jaгнeшко според стандардот

За Велигден охриѓани  купуваат jaгнeшко според стандардот.

 |  Валентина Неловска  | 
јагнешко

 Во охридските  месарници граѓаните  купуваат јагнешко месо во зависност од длабочината на својот џеб. Цената на јагнешкото се движи од 300 до 320 денари, а тежината на јагнињата се од 8 до 12 килограми. Охриѓани потврдуваат дека на трпезата ќе ја задржат традицијата  да има јагнешко печено месо.
За цената, некои ќе речат дека е „солена“ ама ќе купат колку што можат, а други сметаат дека е на исто ниво како и лани.

Здравко Анѓелсоки од месарницата Бизер, месар со долгогодишно искуство, нагласува дека имаат доволни количини јагнешко. Граѓаните купуваат јагнешко кој како има пари и колку што може да си дозволи, вели Анѓелоски. Има купувачи ама помалку кои купуваат и цело јагне. Анѓелсоки прaви паралела на  потрошувачката на јагнешкото оваа година со минатата.   

„ Тука е. Не е баш добро ама да не е полошо. Повозрасен  месар сум и порано можело и повеќе и помалку. Луѓето повеќе се интересираат за цената,  но како македонци купуваат последните два дена пред празникот. Повеќе се интересираат за цената ама секој купува според можностите и ќе купи кој колку може,“ вели Анѓелоски.

 

За Велигден,  покрај месото, јајцата се најбараниот прехранбен продукт. јајцаГраѓаните со јајца се снабдуваат  не само во маркетите и продавниците туку и на охридскиот пазар. Љубе Сиљаноски од живинарската  фарма Вапилица вели дека имаат доволни количини квалитетни и свежи јајца. Табла со 30 парчина,  во зависност од класата на јајцата,  се движи од 120 до 220 денари.

„Овие денови имше продажба на јаца  луѓето доаѓаат и бараат квалчитет  за да вапцуваат велигденски јајца“, вели Сиљаноски

Граѓаните па поделени во размислувањата за висината на продажната  цена на јајацата. За некои се ценаат е повисока, а за други не.

За најголемиот христијански празник Велигден да се прослави  што побогато скоро секое семејство се труди  на трпезата  да го има раниот зеленчук и овошје. На побарувачката реагираат закупците на тезги во охридскиот пазар.

Се жалат дека купувачите како да заборваат на пазарот и се повеќе купуваат  во големите маркети.

„Пазарот не ни е посетен. Луѓето забораваат како изгледа пазарот. Плаќаме само за тезга цела зима ништо не иставаме. Во тешка загуба сме“, вели Петкоски.   

Цената на овошјето и зеленчукот е различна во зависност од квалитетот. Рано градинарските култури како доматот се движи по цена од 60 до 100 денари, младиот компир се нуди од 40 до 50 денари, краставицата достигнуваат цена од 8о денари, а зелката се продава по 20 денари парче.